Поради санкциите на руските клубови кон европските натпреварувања, газдата на ЦСКА Москва, Андреј Ватутин, е подготвен да ѝ зададе голем удар на Евролигата и да ја создаде кошаркарската Суперлига.
Тој најави дека ако неговиот тим во наредната сезона не биде дел од Евролигата, заедно со останатите руски клубови, поддржани од нафтениот гигант „Газпром“ ќе го создадат ова богато натпреварување, каде што за победа, тимовите ќе добиваат по 120 илјади евра, за разлика од досегашните 30 илјади што се доделуваат во Евролигата.
Во лигата би играле пет руски, четири турски, три српски и клубови од Грција, како и еден од Унгарија, Црна Гора и Бугарија.
Шампионот со самото тоа што ќе ја освои титулата, ќе добие четири милиони евра, а во Евролигата таа цифра изнесува еден милион, додека во новото натпреварување ниту еден клуб на крајот од сезоната нема да инкасира под пет милиони евра.