Извршниот комитет на Рускиот фудбалски сојуз не ја изгласа одлуката за напуштање на УЕФА и преселба во Азиската фудбалска конфедерација, но опцијата останува отворена.
Одлучено е да се формира работна група која во наредниот период дополнително ќе ги разгледа детално сите плусеви и минуси кои би ги донела една таква историска одлука за преселба од Европа во Азија.
Русите најпрвин за 27-ми декември најавуваа дека ќе решаваат за напуштање на УЕФА, потоа одложија за денеска, но и на денешниот состанок не е донесена конечна одлука.
Во февруари годинава, поради војната во Украина, руските репрезентации и клубови се суспендирани од ФИФА и УЕФА и немаат право на играње меѓународни мечеви.