Секретарот на руската фудбалска федерација Александер Алаев, потврди дека се вршат напори да се доигра сезоната во руската Премиер лига. Тие се подготвени да го препишат германскиот систем околу враќање на терените, по успешниот план Бундеслигата официјално да стартува на 16 мај.
Натпреварите да се доиграат без пристуство на публика, со ограничен број на присутни за време на мечевите влучувајќи ги екипите, судиите, новинарите и останатиот персонал. Морално ќе биде да се одржува растојание, а секако редовно ќе се извршуваат тестови за вирусот Ковид-19.
„Сите сме за продолжување на сезоната и правиме сè што можеме да ја оствариме таа цел. Секако прво мора да добиеме одобрение од властите, но сметам дека големите се шансите сезоната да се доигра“, посочи Алаев.
Првичните најави се дека датумот 21 јуни е еден од опциите за рестарт на сезоната. Рускиот шампионат се прекина по 22 одиграни натпревари, со Зенит како лидер на табелата со 50 бода, девет повеќе од актуелниот првак Локомотив Москва.