Русите прејаки за Естонија, за Македонија тоа не менува премногу

Руската репрезентација со убедливата победа во Талин над Естонија од 84-56 покажа дека е решена да игра на Европското првенство за кошаркари во 2022 година. Ова беше меч од квалификациската група во која е и македонската репрезентација.

Македонија денеска требаше да игра со Италија, но поради три позитивни случаи на Ковид-19 во нашиот национален тим, мечот беше одложен. Денеска нашите беа тестирани, и после утрешните резултати ќе се знае дали и кога ќе се игра дуелот со Аѕурите. Проблемот е што задутре треба да играме и со домашната Естонија, во клучен меч.

Русите сега имаат две победи, Естонија остана на една, а Македонија нема ниту една. Италијанците имаат 2-0, но тие како еден од домаќините на ЕП, имаат сигурно место, па на шампионатот ќе се пласираат двете најдобри покрај Италија. Македонија дома загуби од Естонија со девет поени разлика, па ќе мора претстојниот меч (ако ФИБА дозволи да се игра) да го добиеме со двоцифрена разлика.

- Оглас -

Најнови вести