Русите се песимисти: Ќе не исфрлат од ЛОИ во Токио

Русија е на прагот да биде елиминирана од учество на Летните олимписки игри во Токио следната година, поради некомплетна документација од лабараториските истражувања за допинг на спортистите, што е испратена до светската антидопинг агенција.

РУСАДА, како што се нарекува руската антидопинг агенција тешко ги прифаќа методите на работа на ВАДА, а таквиот развој на настаните води кон голем конфликт и неучество на руските спортисти во Токио.

„Русија веќе не може да продолжи со старите методи, кои доведоа до конфликт со ВАДА. Мораме да ја заборавиме идејата дека Западот има нешто против нас. Русија мора да ја среди прво сопствената куќа. Стравувам дека нашиот олимписки тим нема да учествува во Токио, а можно е да не исфрлат и од Зимските игри во Кина две години подоцна“, изјави Јури Ганус, претседателот на РУСАДА.

Во Пјонгчанг на претходните Зимски олимписки игри руските спортисти, а ги имаше 169 учествуваа под неутрално знаме, поради истите проблеми.

- Оглас -

Најнови вести