Рускиот политичар и член на државната Дума, Роман Терјушков, го коментираше можниот трансфер на Руската фудбалска унија од европската УЕФА во Азиската фудбалска конфедерација.
„Во светот има 200 држави, а само 30 се во НАТО. Геополитички, важно е да играме во Азија, каде што живеат три четвртини од светската популација. Каде ќе игра Роналдо? Во Азија. Ајде и ние да се обидеме“, рече Терјушков, кој ја застапува идејата за Руската фудбалска федерација да се пресели во Азија.
Терјушков смета дека клубовите од Русија не треба да трошат многу пари бидејќи и покрај трошењето милијарди за странци, ништо не направиле во Европа. И во Азија нема да ни дозволат да играме квалификации за Светско првенство, но барем клубовите ќе играат меѓународни мечеви“, додава Терјушков.
Извршниот комитет на Руската фудбалска унија утре ќе го одржи состанокот на кој треба да се донесе историската одлука.