Русите вечер играат со ривал за кого не знаат ни каде е на мапата, очекуваат победа од 10-0

Поранешниот руски репрезентативец Александар Самедов во пресрет на денешниот пријателски натпревар помеѓу репрезентациите на Русија и Гренада прогнозираше победа на неговите сонародници од 8-0 или 10-0.

„Се срамам да признаам, но јас дури и не познавам таква земја. Веројатно сум слушнал, но не знам ни каде е Гренада на картата. Не знам што да очекувам од таков противник. Мислам дека тоа ќе биде голема победа од 8-0, можеби и 10-0“, изјави Самедов.

Гренада е островска земја во Карибите, северно од Венецуела, во близина се и Триндад и Тобаго, Барбадос. По оваа контрола, Русите на 25 март ќе играат против Замбија, исто така на стадионот на Динамо во Москва.

- Оглас -

Најнови вести