22.8 C
Skopje
сабота, 13 септември 2025

Руска шахистка се обиде да ја отруе својата противничка, надзорните камери го снимиле инцидентот (Видео)

Голем скандал се случил на шаховски турнир во Дагестан, Русија. Имено, руската шахистка Амина Абакарова се обидела да ја отруе со жива својата противничка Умајганат Османова, така што материјата ја истурила на масата и на столчето на која седела шахистката.

Кога на Османова ѝ се слошило, интервенирала медицинска екипа, а случајот сега е во рацете на полицијата откако биле прегледани видеоснимките. Абакарова заработи доживотна суспензија од шаховската организација, ја загуби работата, а ѝ се заканува и затвор до три години.

- Оглас -

Најнови вести