Руска тенисерка сама си го повреди вратот, мораше да реагираат лекари (Видео)

Русинката Дарија Касаткина на бизарен начин се самоповреди во пределот на вратот, па освен тоа што го загуби финалето во Бирмингам од Онс Жабер, доби и лекција дека во иднина треба подобро да ги контролира емоциите.

Љубителите на тенисот виделе најразни изливи на нервоза, но потегот на популарната Даша, која е 35-та на ВТА-листата, ги засени сите бурни реакции. Во вториот сет по еден загубен поен, 24-годишната Касаткина толку силно си се грабна за вратот, што мораше да ѝ биде укажана и лекарска помош. Ваков медицински тајмаут поради гребаница на врат веројатно е виден првпат во историјата на тенисот.

Погледнете:

https://twitter.com/i/status/1406610149855305736

- Оглас -

Најнови вести