Неверојатното ширење на Коронавирусот стави забрана во повеќе првенства низ Европа да нема навивачи на стадионите за да се намали ширењето на опасната болест. Јувентус и Интер синоќа играа во Торино без гледачи, а Кристијано Роналдо едноставно покажа дека му е чудно да нема никој додека пристигнува на стадионот, каде што најчесто го чекаат голем број навивачи.
Додека Роналдо се поздравуваше со замислените навивачи, еден фудбалер во Русија реши да даде изјави во микс-зоната каде што немаше ниту еден новинар. Играчот на Сочи, Антон Заболотни, по победата над Урал со 2:1, направи интересен гест додека поминуваше во микс-зоната каде што немаше ниту еден новинар.
Заболотни најпрво ги поздрави новинарите кои ги немаше, а потоа дофрли и неколку збора, како да даде изјава, иако никој немаше да го слушне.