1.8 C
Skopje
четврток, 15 јануари 2026

Руски фудбалер загина под сомнителни околности, мајката се сомнева на убиство

Рускиот фудбалер Лионел Адамс почина само на 31 година, а смртта засега е мистерија. Неговото безживотно тело е пронајдено на улица покрај една повеќекатница. На дел од интернет-порталите се појави и видео на кое се гледа како телото на Адамс паѓа на земјата.

Адамс починал на 14 јануари, а службите за итни случаи кога пристигнале на местото на настанот можеле само да ја потврдат неговата смрт. Пријателите наводно рекле дека бил депресивен откако раскинал со девојката, но неговата мајка, Марија Викторовна, тврди дека Адамс никогаш немал партнерка и е убедена дека нејзиниот син е убиен и бара темелна истрага.

Само пред три недели Адамс би цел на брутален напад пред еден ресторан. Тогаш, фудбалерот бил нападнат од десетина луѓе, бил брутално претепан, но добил и прострелна рана во бутниот мускул.

Откако завршил во болница, лекарите констатирале дека неговата состојба е умерена, па фудбалерот на сопствена иницијатива ја напуштил болницата. Во моментот на неговата смрт тој бил во посета на својот пријател, голманот Тимур Магомедов, кој исто така бил со него за време на претходниот инцидент.

- Оглас -

Најнови вести