36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Руски клуб мораше да ги извади сите столчиња од стадионот поради Украина

Руските власти наредија столчињата на „Јукутске Арена“ во сибирскиот регион да бидат извадени поради една банална причина. Столчињата на стадионот беа во жолта и сина боја, односно во боите на украинското знаме.

Пред речиси два месеци Русија започна инвазија врз Украина, а потоа речиси сите руски спортисти и клубови добија жестоки санкции и беа исфрлени од најголемите натпреварувања.

Стадионот во Јукутске има капацитет од 12.500 седишта и беше еден од најубавите во тој регион од Русија. Сега стадионот е без столчиња и поради одлуката на руските власти да бидат тргнати столчињата, гледачите на стадионот во иднина ќе седат на бетонот.

- Оглас -

Најнови вести