Рускиот ММА борец Акмал „АК 47“ Кожијев моментно е во затвор, и тоа поради обвинение за убиство. Кожијев го убил лекарот Миран Рибати.
Еден од сведоците на целиот трагичен настан вели дека борецот и докторот заедно вечерале и биле добро расположени сè додека не почнал муабетот за вакцинација. Најпрво започнале вербална расправија, а потоа целата ситуација се претворила во трагедија.
Кожијев е познат како антиваксер и е против вакцинацијата за корона-вирусот. Тој никако не сакал да го прифати советот на својот лекар околу вакцинацијата и постојано бурно реагирал.
Во еден момент од расправијата, борецот станал од масата и почнал да го дави лекарот. Потоа со коската која останала по вечерата, но и со ножот за јадење почнал да го боде лекарот, кој починал на самото место.
Кожијев го признал делото, а судот во следните неколку месеци треба да одлучи колкава ќе биде неговата затворска казна.