Денешните фудбалски судии имаат значително полесна работа по имплементацијата на ВАР, но и покрај тоа сè уште гледаме скандалозни одлуки на големите натпреварувања.
Од Русија се појави еден навистина интересен исечок од весник каде што некогашниот делител на правдата, Валентин Иванов на средбата од полуфиналето во Купот на Русија меѓу Анжи Махачкала и Ростов, одигран на 21 мај 2003 година, на своевиден начин го измислил ВАР системот.
Тој, по еден сомнителен момент по кој што настана голема мешаница, се одлучи да пријде кон аут линијата и да го праша камерманот да го премота спорниот момент.
Напаѓачот на гостите, постигна гол играјќи со рака, а домашните фудбалери направиле голем притисок врз Иванов, кој се одлучил да ја погледне снимката и да го поништи голот.
Сето ова се случува 15 години пред да биде измислен ВАР системот.