26.8 C
Skopje
петок, 8 август 2025

Руски тенисер ја доби една од најголемите парични казни на Австралија опен

Петтопласираниот тенисер на АТП ранг-листата, Данил Медведев, изненадувачки беше поразен во 1/32-финалето од Австралија опен, откако во неизвесен меч загуби од американецот Лиернер Тиен со 3-2.

Русинот на овој натпревар го кршеше рекетот, удираше по камерата, им се дереше на судиите, па организаторот на првиот Гренд Слем одлучи да го казни парично. Медведев со пласманот во третото коло заработи 290.000 австралиски долари, но 122.000 ќе останат за организаторот, бидејќи толку изнесува неговата казна.

Од оваа сума, дури 107.000 австралиски долари изнесува казната за неспортското однесување на мечот против Тиен, додека останатите 15.000 се за дуелот против Самреј од претходното коло. Ова е една од најголемите казни, ако не и најголемата, во историјата на Австралија опен.

- Оглас -

Најнови вести