Баринов може комотно да игра хокеј, ваков бодичек во фудбал ретко се гледа (Видео)

Фудбалерот на Локомотив Москва, Дмитри Баринов, одигра во стилот на хокеарите во финишот на мечот со Ростов, со вистински бодичек го патосира Матијас Норман на тревата и добро мина.

За ваков бодичек во НХЛ-лигата се добива исклучување, а репрезентативецот на Русија доби само жолт картон.

За среќа, Норман мина без повреда и веднаш стана на нозе, а единствено оправдување за Баринов, ако го има, е што сакаше да прекине контранапад на домаќините. Сепак, целата ситуација, која по малку е и комична, се случуваше во последните моменти од мечот, а Локоси веќе имаа недостижна предност од 3:1, резултат со кој ги освоија бодовите на гостувањето во Ростов.

Баринов е репрезентативец на Русија, па можеби и затоа доби мал попуст од судијата Вилков и не беше исклучен.

Стартот на 23-годишниот играч на Локомотив можете да го погледнете ОВДЕ.

- Оглас -

Најнови вести