Рускиот селектор Станислав Черчесов, не беше баш најсреќен од распоредот на неговиот национален тим на Европското првенство кое ќе се игра следното лето, но најде време и да се пошегува.
„Првиот меч ќе го играме дома против фаворитот Белгија и тоа мал минус. Во последниот меч ќе гостуваме кај Данска во Копенхаген, и тоа е мал минус. Не е добро што можеби клучниот меч го играме на гости. Но како што кажуваат, два минуса прават плус“ – изјави Черчесов, кој не го спомна и третиот ривал во групата, а тоа е Финска, која повеќе ја посакуваа да им се падне, отколку Велс.