Руските тимови може за домаќин да го одберат Белград

Европската фдубалска федерација донесе одлука дека сите руски клубови и репрезентацијата нема да може своите интернационални мечеви да ги играат на домашен терен. Оваа одлука е донесена по руската инвазија над Украина.

Поради нападите на Русија врз Украина, се огласија од Полска и Шведска. Фудбалските федерации на овие две земји најавија дека нема да играат во баражот против Русија за пласман на Светското првенство во Катар. Засега УЕФА ја нема суспендирано Русија, па неизвесно е што ќе биде со мундијалиот бараж кој треба да се игра за помалку од еден месец.

Додека трае неизвесноста околу настапите на руската ререзентација во баражот за СП, се појави информација дека Србија ќе прифати да биде домаќин на сите руски спортски екипи, додека трае воената инвазија. Дури и претседателот на Србија, Александар Вучиќ се огласи по оваа информација и порача дека ќе бидат добри домаќини.

„Постои интерес руските клубови да играат во Србија. Да постои некоја иницијатива, но не знам чија е таа. Ако сите се согласат, ние немаме проблем околу тоа“, била изјавата на претседателот Вучиќ.

- Оглас -

Најнови вести