Руско чудо на Вимблдон: Има само 16 години и „руши“ се пред себе

Руската тинејџерка Мира Андреева е апсолутен хит на Вимблдон. Тинејџерката денеска победи против сонародничката Анастасија Потапова со 6:2 и 7:5 и се пласираше во четвртото коло на гренд слем турнирот во Лондон.

За Андреева ова е само втор настап на Гренд слем турнир и веќе е дел од осминафиналето. Младата тенисерка во првиот сет против Потапова доминираше и го доби со 6:2.

Во вториот сет, следуваше пад во играта на 16-годишната тенисерка, па Потапова поведе со 4:1, но тоа не значеше дека ќе стигне до 1:1 во сетови. Андреева стигна до 4:4, потоа и до 5:5, за да потоа успее да направи уште еден брејк и поведе со 6:5, а на крајот, на свој сервис стигна до 7:5 и победа против сонародничката.

Пред младата тенисерка сега има уште еден голем предизвик, а тоа ќе биде 18-тата тенисерка на ВТА листата, Мадисон Кејс од САД. Андреева дебитираше на гренд слем турнирите на Ролан Гарос оваа година, кога стигна до третото коло, што значи дека со овие резултати на Вимблдон покажува дека се работи за талентирана тенисерка пред која е блескава иднина.

- Оглас -

Најнови вести