Руско дерби во САД, интересни фудбали во Африка и Ирска, игра големиот фаворит на ЕП во одбојка

5151 Либија – Екваторијална Гвинеја (21 ч.)

Дуел од квалификациите во африканскиот куп на нациите, но без поголемо значење. Либија е со само три бода и без шанса, додека гостите се лидери на табелата со 12 бода од пет меча.

Либија има очаен напад и даде само еден гол во пет средби, па едноставно ова е дуел на кој не треба да има повеќе од два погодока.

Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (1.95)

 

1275 УЦ Даблин – Дери сити (20:45 ч.)

Меч од најсилната лига во Ирска. УЦ Даблин е убедливо најслаб тим во лигата само со 10 освоени бода во 28 меча и примено 71 гол, односно над 2,5 погодоци на натпревар. Од друга страна, Дери сити се бори за првото место.

И традицијата вели дека Дери сити е апсолутен фаворит затоа што овој тим има 10 победи и само едно реми во последните 11 средби против УЦ Даблин.

Предлог тип: 2&3-5 (1.80)

 

7001 Данил Медведев – Андреј Рубљов (19:30 ч.)

Еден руски тенисер ќе игра во полуфиналето на Отвореното првенство на САД, а прашање е дали тоа ќе биде Медведев или Рубљов. Поискусниот Медведев ја има улогата на фаворит, а и традицијата е на негова страна па има шест победи во осум дуели до Рубљев.

Сепак, Рубљов доби два од последните три дуела со овој ривал. Можно е ова да биде долга борба со многу гејмови.

Предлог тип: 1-1 (1.75)

 

9144 Германија – Италија (21 ч.)

Меч од последното коло во групната фаза на одбојкарското Европско првенство, кое ништо не решава. Домаќинот Италија сигурно е прв и тоа со максимални 12 бода и ниту еден изгубен сет, додека Германија ќе остане на третото место без разлика на овој резултат.

Аѕурите ги добија последните шест меча со овој ривал и факт е дека дури и двата тима да не играат во најсилните состави, домаќините ќе се радуваат во овој меч.

Предлог тип: <167,5 поени (1.85)

 

2842 Сондерјиске – Вејле (20 ч.)

Домаќините играат во втората данска лига и се во добра форма со надеж да се вратат во елитното друштво, каде што Вејле моментално има освоено само три бода од седум кола.

Дури седим меча одиграле овие два тима во последните две кола, а Вејле има четири победи, Сондерјиске се радувал двапати, а еднаш било нерешено. На четири од последните пет меча имало меѓу два и три погодоци.

Предлог тип: 2-3 гола (1.93)

- Оглас -

Најнови вести