Фудбалерите на Локомотив Москва се првите од најсилната руска лига што одбија намалување на платите за 40 проценти. Претходно таков договор со своите клубови прифатија играчите на Зенит, ЦСКА и Спартак и дел од останатите членови на руските прволигаши.
„Игравме во Лигата на шамионите и со свој труд, знаење и квалитет му донесовме на клубот доста пари. И тоа го правевме и лани. Од некоја непозната причина сето тоа сака некој да го занемари. Затоа немојте да ги обвинувате дека се алчни. Тоа не е точно. Ова е заедничка криза и процес, а фер е да се каже дека тие повеќе го ранеа клубот во последните две години, отколку тој нив“, изјави тренерот Сјомин.
Фудбалерите и нивниот тренер го поткрепија одбивањето да им се намалат платите за 40 отсто во април и мај со податокот дека клубот само со учеството во Лигата на шампионите во последните две сезони заработил околу 50 милиони евра.