Рутина за Барса, Леганес тоне

Барселона стигна до втората победа во низа по продолжувањето на шпанското првенство, со рутински 2-0 на „Камп ноу“ Каталонците го совлада последнопласираниот Леганес.

Меси и дружината со мала задршка ја завршија работата, а секако голем дел од неа заврши токму капитенот. Младиот Фати конечно го скрши мразот во 43-тата минута и им донесе предност на домаќините пред пауза. Меси изнуди и реализира пенал во 69-тата минута откако ја презеде работата во свои раце. Аргентинецот ја зеде топката од половина и во соло акција ја проби одбраната, по што проигрувањето со Суарес можеше да се спречи само со фаул.

Со вкупно 64 бода по овој триумд, Барселона ќе има пет бода предност во однос на ривалот Реал Мадрид. Кралевите утре ги очекува тешка пресметка против Валенсија. Леганес по 29 кола, пак ќе престои на последното место на табелата со 23 бода, еден помалку од Еспањол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести