Првакот Макс Ферстапен немаше сериозна конкуренција ниту на втората трка сезонава во Формула 1 шампионатот, а рано беше решна дилемата и кој ќе го освои второто место во Саудиска Арабија.
Серхио Перес се погрижи за еден-два победа на тимот Ред Бул, додека третото место го освои Шарл Леклер од Ферари.
Сепак главна ѕвезда денеска беше Оливер Бермен кој го освои седмото место (стартуваше како 11-ти) возејќи болид на Ферари. Овој 18-годишен Британец влета на местото на Карлос Саинс кој замина на операција на слепото црево, и освои бодови на своето деби во Формула 1, зад себе го остави еден Луис Хамилтон, потврдувајќи дека е голем талент.