Жално: Ружите и оваа година се тука, но Коби го нема

Поминаа речиси три месеци од трагичната несреќа во која животот го загуби Коби Брајант. Легендарниот играч на Лос Анџелес лејкерс заедно со својата 13-годишна ќерка Џиџи и уште седум патници, беа во хеликоптерот кој се сруши во близина на ЛА.

Илјадници луѓе жалеа за прераната смрт на Брајант, но сепак најголемиот товар падна на неговата жена Ванеса и најблиското семејство. Вчера беше денот на кој пред 19 години, Коби и Ванеса стапија во брак. Традиционално секоја година, Коби со букет ружи ја честитал годишниата.

И овојпат Ванеса го доби цвеќето, но Коби го немаше. Тоа беше испратено од нејзините ќерки, а Ванеса испрати порака.

„Мојот крал, срцето мое, мојот најдобар пријател. Сѐ најубаво за 19-годишнината од бракот, душо. Толку многу ми недостасуваш. Би сакала да си тука. Те сакам“, беше пораката на Ванеса.

- Оглас -

Најнови вести