Винисиус јуниор би требало и во догледна иднина да го носи дресот на Реал Мадрид. „Скај спортс“ јавува дека по обемни преговори е постигнат начелен договор за нова долгорочна соработка, а останува само да се потврдат последните детали пред да биде потпишан.
Иако неговиот актуелен договор истекува дури во 2027 година, Бразилецот уште пред повеќе од една година најави потпишување нов, но тоа не се реализира, па шпекулациите за негово заминување се засилија.
Се појавија информации дека во Реал сметаат дека неговите финансиски барања за плата се превисоки, поради што преговорите повремено беа ставени во мирување. Таа пауза поттикна нови гласини, а Винисиус повторно се поврзуваше со финансиски моќни клубови од Саудиска професионална лига.
Тензиите дополнително ги засили и напнатиот однос со тогашниот тренер Чаби Алонсо. Откако Алонсо го замени во минатогодишното „Ел Класико“ во октомври, 25-годишниот напаѓач јавно ја искажа својата фрустрација и дури навести можност за заминување.
Сепак, сега е јасно дека Винисиус и Реал се на прагот на нов долгорочен договор.

