Са е тивкиот јунак на Премиер лигата – Го скрши зглобот на раката во второто коло и брани како да не му е ништо

Голманот на Вулверхемптон, Жозе Са е вистинскиот јунак на Премиер лигата во Англија и брани од второто коло со скршеница на зглобот на раката.

Португалецот се повреди на дуелот со Фулам во втората рунда на англиското првенство, но одби да оди на пауза за да се санира комплетно повредата и продолжи да бграни и во следните 7 кола.

Се очекува и денеска да биде на голот на популарните Волци, против Нотингем форест, а навивачите на Вулверхемптон особено го ценат гестот н 29-годишниот голман, бидејќи на клубот воопшто не му оди добро на стартот од Премиер лигата.

„Жозе е вистински пример на борец какви што треба да имаме во тимот. Мотивира дополнително кога ќе го видите како брани со таков голем проблем. Тој е нашиот јунак и се надеваме дека и останатите играчи ќе тргнат по неговите стапки“, коментираат навивачите на Вулверхемптон.

Тимот е на третото место одоздола на табелата по првите 9 кола, а не им тргна на подобро и со новиот тренер Стив Дејвис кој е привремено решение.

И со него на кормилото на местото на Бруно Лаж, кој доби отказ Волците загубија од Челзи со 3:0 минатиот викенд и сега мора да го победат двојниот европски првак Нотингем форест ако сакаат да ја прекинат серијата од три порази по ред.

 

- Оглас -

Најнови вести