Сабаленка го освои турнирот во Мајами

Арина Сабаленка успеа да ги освои двата последовни мартовски турнири на тврда подлога во Индијан Велс и Мајами.

Првата тенисерка на светот во три сета ја совлада Американката Коко Гоф, која инаку е четврта на ВТА листата, со 2-1 во сетови (6-2, 4-6, 6-3).

Ова беше нивни 13-ти меѓусебен дуел, а тенисерката од Белорусија има една победа повеќе, односно води со 7-6 во вкупниот скор.

Првиот сет помина во целосна доминација на Сабаленка, која за само 38 минути поведе во сетови. Белорусинката уште на стартот направи брејк, кој сигурно го зачува до седмиот гејм, кога направи уште еден за убедливи 6-2 во првиот сет.

Во вториот сет гледавме далеку поквалитетен тенис, пред сè од Гоф, за која ова беше прво финале на Мастерсот во Мајами. Се играше гем за гем, а се чинеше дека Гоф стои подобро на теренот, но не успеа да искористи три брејк-топки, во вториот, петтиот и седмиот гем.

Сепак, четвртата шанса ја искористи во најдобар можен момент, во десеттиот гем, за да го добие вториот сет со 6-4.

Во третиот, решавачки сет, Сабаленка тргна силно, што веднаш резултираше со брејк. Во продолжение го задржа својот сервис и на крајот со 6-3 сосема заслужено го освои Мастерсот во Мајами.

- Оглас -

Најнови вести