Белорускиот тенк гази безмилосно – Сабаленка ја победи Линет, со 20:0 во сетови и со 10:0 во победи ќе го почне финалето на Отвореното првенство на Австралија (Видео)

Белорусинката Арина Сабаленка го забележа најголемиот успех во кариерата со пласман во финалето на Отвореното првенство на Австралија во Мелбурн.

Во второто полуфинале 24-годишната тенисерка од Минск ја победи ривалката од Полска, Магда Линет, со 2:0, 7:6 (1), 6:2 и ќе игра во првото гренслем-финале во поединечна конкуренција.

https://twitter.com/AustralianOpen/status/1618586465314668544?s=20&t=2_IEEe58gjLjtCcGKISALA

Противничка за освојување на вредниот пехар ќе ѝ биде Елена Рибакина, која претходно денеска ја победи Викторија Азаренка, исто така со 2:0 во сетови.

Финалето ќе се игра во сабота, а е прво во сингл за Белорусинката и второ за Рибакина, која лани на сензационален начин победи на Вимблдон.

Сабаленка има титула во Мелбурн на Отвореното првенство на Австралија, но во игра на женски двојки. Во 2021 година, во тандем со Белгијката Елиз Мертенс славеа со 2:0 против чешкото дуо Крејчикова и Шинјакова и го освоија пехарот.

Сега ќе се обиде да стигне до првиот гренслем-пехар и во поединечна конкуренција, а во 2023 година има неверојатен биланс.

Досега победи на вкупно 10 меча во новата година и има скор од 20:0 во сетови.

- Оглас -

Најнови вести