Арина Сабаленка е првата финалистка на Отвореното првенство на Австралија. Таа во полуфиналната пресметка ја совлада Елина Свитолина со 2-0 во сетови.
Првиот сет Сабаленка го доби со 6-2 во гемови. Во вториот Свитолина тргна одлично, поведе со 2-0, но потоа следуваше серија на првата носителка која беше подобра во овој сет со 6-3 и за победа.
Сабаленка во финалето ќе игра со победничката од дуелот меѓу Пегула и Рибакина, кој е во тек.

