Белоруската тенисерка Арина Сабаленка конечно дојде до голема титула на американско тениско тло. Таа го освои трофејот на Отвореното пренство на САД откако претходно се наоѓаше на чекор од трофејот во финалињата на Ролан Гарос и Вимблдон.
Во финалето во Њујорк, Сабаленка ја совлада Американката Аманда Анисимова во два сета, 6-3, 7-6, и го освои својот четврти гранслем-трофеј во кариерата.
На машкиот турнир, Шпанецот Карлос Алкарас го победи Јаник Синер и го подигна својот втор трофеј на Отвореното пренство на САД, со што стигна до шест гранслем-титули во кариерата.
Двојката заедно се појави во популарното американско шоу Today Show, но беше очигледно дека Сабаленка имала бурна ноќ. На прес-конференцијата се појави со очила и шише шампањ, што покажува дека славењето траело до доцна во ноќта.
По кратка конфузија, Сабаленка, обраќајќи му се на Алкарас, случајно го изговори името на неговиот најголем ривал – Синер. Младиот Шпанец се насмевна и со шармантен тон рече:
„Ќе ти простам, само затоа што е девет часот наутро.“
Сабаленка, малку посрамена, се обиде да го поправи впечатокот и низ смеа додаде:
„Исечете го ова, ве молам.“
Aryna Sabalenka accidentally calling Carlos Alcaraz Jannik on the Today Show
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) September 8, 2025
Carlos’ reaction:
“It’s 9 in the morning. Don’t worry it’s all good”
😂😂😂
(via @TheTodayShow) pic.twitter.com/GNng0GFqb4