Белоруската тенисерка Арина Сабаленка и домашната преставничка Џесика Пегула ќе се борат за титулата на женскиот дел од турнирот на Отвореното првенство на САД во Њујорк. За Пегула ова е историски момент затоа што првпат во кариерата ќе игра во едно големо гранслем-финале. Американката во полуфиналето со пресврт славеше над Каролина Мухова од Русија. Русинката го доби првиот сет со 6:1, но потоа Пегула заигра многу подобро и ги освои следните два сета со 6:4 и 6:2 за голема радост на 30-годишна Американка.
Сабаленка се погрижи да нема американско финале, откако славеше над Ема Наваро, и тоа со 2:0 во сетови, 6:3 и 7:6. Белорусинката, која има 26 години, во кариерата има освоено два гранслем-трофеи, и тоа на Отвореното првенство на Австралија. Во Њујорк и лани играше во финалето, а сега ќе се обиде да стигне и до првиот трофеј на овој престижен турнир.
Сабаленка и Пегула се сретнале седумпати, а Белорусинката има предност од 5:2 во победи.