Марсел Сабицер игра феноменален фудбал и со два гола го нокаутира Тотенхем само за 22 минути во реванш-мечот од Лигата на шампионите.
Австрискиот репрезентативец постигна голови во 10-тата и во 22-рата минута и Лајпциг веќе води со 2:0 во возратниот дуел од осминафиналето во Лигата на шампионите.
Германците победија и во Лондон со 1:0 и се многу блиску со пласман во четвртфиналето.
Втор гол имаше и на „Месталја“, а го постигна Кевин Гамеиро за израмнување на дуелот меѓу Валенсија и Аталанта. Таму е 1:1, а првиот меч заврши со триумф на италијанскиот тим од 4:1.