Сабицер е во депресија поради поразот во финалето на ЛШ и не може да игра за Австрија

Австрискиот репрезентативец Марсел Сабицер откри низ каква голгота минува по поразот со Борусија Дортмунд во финалето на Лигата на шампионите. Тој сѐ уште не може да го преболи поразот од Реал Мадрид на „Вембли“ во Лондон и вели дека е во депресија.

„Ми беше многу тешко и секоја ноќ многу размислувам за финалето. Низ глава ми се вртат случувањата од тој натпревар“, изјави Сабицер.

Тој призна дека психички не бил подготвен да одигра пријателски натпревар за селекцијата на Австрија против Швајцарците. Тоа доволно кажува за пеколот низ кој минува.

„Давам сѐ што можам и сега сум во процес да го прифатам поразот. Разговаравме за пријателскиот натпревар против Швајцарија и решивме да не играм. Сепак, не мора да се грижат за моите настапи во дресот на Австрија на Европското првенство, ќе бидам добро“, дополни Сабицер.

Европското првенство е зад аголот. Австријците се во група со Франција, Холандија и со Полска.

 

- Оглас -

Најнови вести