Саботна вечер на ол-старот, а не се чекаат забивањата, туку тројките и „битката на половите“!

Дуелот во шутирање тројки помеѓу Стеф Кари и Сабрина Јонеску ќе биде главен настан вечерва на НБА олстар викендот во Индијанаполис.

Обично на саботната вечер со најголемо нетрпение се очекува натпреварот во забивање и атракциите во тоа натпреварување, но вечерва ќе се испише историја и сите очи ќе бидат вперени кон шутирањето тројки и „битката на половите“.

Најдобриот шутер меѓу мажите, Кари, ќе биде предизвикан од Јонеску која е најмлада кошаркарска која направила трипл-дабл во ВНБА и рекордерка по број на поени (37) во натпревар во шутирање тројки. Но, Јонеску вечер ќе шутира тројки како во НБА лигата, во ВНБА линијата за три поени е поблиску.

Без разлика кој ќе победи, историјата ќе биде испишана.

- Оглас -

Најнови вести