Саботните дуели од новата рунда на Спортска прогноза се само за мајстори на прогнозирањето

Новото, 18-то коло од Спортска прогноза започнува во сабота од 15:30 часот, односно до тој момент искусните прогнозери ќе имаат можност добро да ги размислат дуелите и да се надеваат на прекрасниот „ајфон 12“.

Како што е веќе добро познато, треба да бидат погодени сите 13 натпревари, а иако во сабота нема големо дерби, јасно е дека ќе биде потребно многу искуство и знаење да се погоди конечниот исход.

Како што напоменавме, првата средба е од 15:30 часот, а играат екипите на Бохум и Унион Берлин.

За домашниот тим дека ќе победи веруваат 23,85% од играчите, додека, пак, нерешен исход типуваат 32.48%.

„Најгласни“, односно 43,67 проценти, се тие што сметаат дека тимот од Берлин ќе победи.

Далеку поразлична е сликата на средбата меѓу Саутхемптон и Брентфорд, каде што најмногубројни (82,73%) се тие што се сигурни дека домаќинот ќе победи.

Од истиот термин (16 часот) се игра и средбата меѓу Ватфорд и Кристал палас, а и таму предвидувањата се речиси израмнети. Во домашна победа верувааат 41,81 отсто, за икс се 35,92%, а за гостите навиваат 22,28 отсто.

Последните две средби од саботната програма ни носат и два икса. Во Италија ќе се сретнат Калјари и Удинезе, а за нерешен исход се 42,52% коишто сметаат во такво нешто.

Уште поголем, пак, (49,95%) е тој на дербито меѓу Атлетико Мадрид и Севилја.

За да се учествува во оваа бесплатна игра и да се освои прекрасниот „ајфон 12“, покрај тоа што треба да ги погодите сите 13 натпревари, потребна ви е и бесплатна SL картичка којашто можете да ја подигнете во уплатните објекти на Sport Life.

- Оглас -

Најнови вести