САД – Турција (СП во кошарка, 14.30 часот)
Американците некако скрпија состав за Мундијалот во Кина и повторно се фаворити за титулата, иако сега имаат и конкуренција, и тоа сериозна. Една од репрезентациите што може да им се спротивстави би требало да биде и Турција, денешниот ривал на Дрим-тимот.
Со Ерсан Илјасова, Џеди Осман и Фуркан Коркмаз, кои се НБА-играчи, Турците ќе се обидат да им покажат заби на главните фаворити.
Двете селекции одамна немаат играно меѓу себе, а денеска нивната пресметка е дерби на денот. Американците, и покрај сите проблеми, имаат одличен тим и особено добри бекови. Кемба Вокер и Донован Мичел се експлозивни играчи, знаат да наметнат брзо темпо и очекуваме Американците денеска да одиграат ефикасно од почеток. Наш предлог е да одиграте дека САД ќе постигне повеќе од 24,5 поени во првата четвртина.
Предлог тип: Т1>24.5 поени (2.05) Квота на денот во Sport Life
Ковентри – Валсал (Англија, Лига куп, 20.45 часот)
Почнува англискиот Лига куп, а ќе се играат натпревари по групи. Ковентри е фаворит број 1 во дванаесеттата група и на стартот има големи шанси да го победи Валсал.
Гостите се во лоша форма и се на 21-вата позиција на табелата во Лига два во Англија. Ковентри игра еден ранг повисоко, во Лига 1 и одлично ја почна сезоната со три победи и исто толку нерешени, без пораз. Метју Голден е во форма, погодува на почетокот на шампионатот во Лига 1 и тој ќе биде главната опасност за порозната одбрана на Валсал.
Тука има разлика и во реномето на екипите и во рангот на натпреварите и, што е најважно, во моменталната форма. Сè е на страната на Ковентри и се очекува победа на фаворитот.
Предлог тип: Т1 1+I& T1 2+ (2.30) Квота на денот во Sport Life
Роџер Федерер – Григор Димитров (тенис, Отворено првенство на САД, 02.30 часот)
Федерер е најлошиот можен ривал за амбициозниот бугарски тенисер, а билансот е 7-0 во меѓусебните дуели на двајцата тенисери, секако, во корист на Швајцарецот.
Но, Федерер е веќе во класата на ветерани, има 38 години и веројатно сега е шанса за Димитров да се обиде да ја птрекине црната серија и за првпат да го победи најтрофејниот тенисер на сите времиња.
Од друга страна, и Федерер гледа шанса за 21-от гренд слем трофеј бидејќи од турнирот испадна главниот фаворит и лански шампион Новак Ѓоковиќ.
Ќе типуваме дека Федерер ќе се пласира во полуфиналето и дека стартниот сет ќе биде долг и ќе има меѓу 9 и 12 гема.
Предлог тип: 1&9-12 гема прв сет (2.00) Квота на денот во Sport Life
Станислас Вавринка – Данил Медведев (тенис, Отворено првенство на САД, 19.30 часот)
Меѓу себе играат двајца тенисери што се во топ-форма. Вавринка го елиминираше првиот носител и актуелен шампион Ѓоковиќ, што е голем поттик во обидот да се стигне до нова гренд слем титула. Швајцарецот има три пехари од најценетите турнири и е еден од ретките тенисери што успеваше одвреме-навреме да ја разбие доминацијата на големата тројка, па и четворка составена од Федерер, Надал, Ѓоковиќ и Мареј.
Сега повторно има шанса за трофеј, а последниот на гренд слем турнир му е од 2016 година, токму во Њујорк, на Отвореното првенство на САД.
Медведев е во опасен налет, а играше три финалиња на турнирите непосредно пред ова издание на гренд слемот на „Флешинг Медоуз“. Загуби од Кирјос и од Надал во Вашингтон и на Роџерс купот во Монтреал, но на Отвореното првенство на САД стигна со титулата од Синсинати.
И во Њујорк игра прекрасно и доби три меча со по 3:1, а стартот беше убедлив без загубен гем против Индиецот Гунесаваран.
Во единствениот досега одигран меѓусебен меч, Медведев го победи Вавринка со 3:1 на Вимблдон пред две години и на тој дуел немаше тај-брејк. Сега и двајцата играчи се во топ-форма и ќе типуваме дека ќе има неизвесен и долг меч, со тај-брејк барем во еден од сетовите.
Предлог тип: Има тај-брејк (1.50)
Грција – Бразил (СП во кошарка, 14 часот)
Грците одиграа како по ноти во првото коло, а темпото го диктитраше ветеранот Ник Калатес. Лесно, прецизно и атрактивно ги проигруваше соиграчите кои го полнеа кошот на Црна Гора.
Фаворитот победи со 25 поени разлика и потврди дека има состав за највисок дострел, а Калатес уште еднаш потврди дека е мајстор за асистенции со 7 прецизни додавања за поени.
Денеска Грците ги очекува многу потежок меч против Бразил, селекција која за нив е незгодна и знаела во минатото да ги победи. Последен пат меѓу себе играа пријателски меч во 2012 година и Бразилците славеа со 78:71.
Ова ќе биде и битка на двајца одлични плејмејкери, Калатес, кој ќе ги креира нападите на Грците, и Уертас, играч што има ефектни асистенции и од него зависат многу работи во играта на Бразилците.
Очекуваме одличен меч и надигрување на двајца топ плејмејкери, а ќе типуваме дека Калатес ќе има повеќе од 6.5 асистенции
Предлог тип: Ник Калатес >6.5 асистенции (1.80)