Панама – Тринидад и Тобаго (1.30 ч.)
Дуел на две селекции кои едноставно како да не знаат да победат. Панама во последните 15 дуели има 11 порази и 4 ремија. Последната победа ја има, интересно, токму против Тридидад Тобаго, и тоа минимално со 1:0. Тоа е и еднствената радост за Панама во последните 20 репрезентативни дуели.
Во ист период, односно на последните 20 меча, Тринидад и Тибаго е малку подобар, па има три победи, 4 ремија и 13 порази. Во една ваква ситуација, најреално е да нема многу голови, а мала предност сепак има Панама.
Предлог тип: 1Х&0-2 (1.83)
САД – Гвајана (4:00 ч.)
Тука не се работи за тоа кој ќе победи, туку со колку гола разлика ќе се радуваат Американците. Дуелот се игра во Минесота, што значи дека поддршката ќе биде за САД. Досега овие селекции немаат играно, но фактот дека Гвајана на последните два контролни меча загуби од Хаити (3:1) и Бермудските Острови (1:0), е најава за голеада.
Ако некогаш има можност еден меч реално да заврши 7+, тоа е овој дуел.
Предлог тип: 7+ (2.95)
Бразил – Венецуела (1.30 ч.)
Дилема нема, сè освен победа на Бразил ќе биде големо изненадување. Во првото коло, Кариоките со 3:0 ја победија Боливија, но отпорот на противникот беше скршен во второто полувреме, и тоа по голот на Кутињо од пенал. Венецуела одигра фантастично во одбраната против Перу, а посебно се истакна голманот Фаринез, кој имаше неколку неверојатни одбрани.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.73)
Хјустон Динамо – Минесота (1:00 ч.)
Меч од Купот во САД, на кој Хјустон како домаќин ја има фаворитската улога. На свој терен Хјустон во првенството има шест победи и три нерешени без пораз, додека Минесота знае да биде опасна на гости. Пред неполн месец, Минесота на свој терен победи со 1:0, што само дополнително дава неизвесност на овој меч
Предлог тип: 1Х&2-4 (1.83)