САД и Италија и натаму без пораз

САД и Италија продолжија со победите и во втората рунда од Светското првенство во одбојка. Американците со 3-1 во сетови беа подобри од Канада, додека Италија лесно се справи со Финска и победи 3-0.

Вистински класик одиграа Србија и Франција, мечот во кој „орлите“ по пет сета славеа со 3-2 над „триколорите“, за да ја забележат вкупно петтата победа во низа. Неизвесна беше и пресметката меѓу Полска и Аргентина, каде Аргентинците остварија изненадување со победата од 3-2.

РЕЗУЛТАТИ:

САД – Канада 3-1

Србија – Франција 3-2

Бразил – Австралија 3-0

Холандија – Русија 0-3

Бугарија – Иран 3-0

Полска – Аргентина 2-3

Белгија – Словенија 0-3

Италија – Финска 3-0

 

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести