Еден од домаќините на Светското првенство 2026, САД, одигра контролен дуел против Парагвај, кој ќе се памети по масовната тепачка во финишот, а не по победата од 2-1 на Американците или играта на двете селекции.
САД поведе уште во втората минута преку Рејна, а Парагвај израмни со голот на Алекс Бариос во десеттата минута. Голот за победа на Американците беше дело на Балогун во 71-вата минута.
Сепак, во финишот настана масовна тепачка во која учествуваа фудбалерите на двете екипи, но и клупите. Фриман и Гомес го започнаа инцидентот при еден аут, а тоа повеќе изгледаше на некој меч од боречки вештини, отколку на нормално однесување на еден фудбалер. На крајот инцијаторите не беа казнети ниту со жолт картон, а целата целата ситуацијата судијата Корадо од Гватемала ја реши со три јавни опомени.

