САД и Уругвај со победи стартуваа на Копа Америка (Видео)

Домаќинот САД триумфално го започна настапот на Копа Америка 2024. Американците славеа со 2-0 против Боливија во првиот натпревар на турнирот, одигран на стадионот „AT&T” во Арлингтон, Тексас.

Кристијан Пулишиќ во третата минута и Фоларин Балогун во 44. минута ја донесоа победата на Американците.

Уругвај ја победи Панама со 3-1 во дуелот од групата Ц на Копа Америка. Избраниците на Марсело Биелса ги освоија трите бода со головите на Максимилијано Араухо во 16. минута, Дарвин Нуњез во 85. минута и Матијас Виња во 91. минута.

За Панама погоди Мајкл Муријо во 94. минута од дуелот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести