Репрезентацијата на САД ќе игра против Мексико во финалето на Голд купот. Домаќинот на турнирот без поголеми проблеми ја победи Јамајка со 3:1 на дуелот кој неочекувано траеше речиси три и пол часа, без да има продолженија. Причина за ваквиот расплет на полуфиналето е невремето кое го зафати Нешвил, па дуелот мораше да биде прекинат.
Вестон Мекени погоди само по 9 минути за радост на Американците, но потоа се случи непланираниот прекин. Поради силното невреме, проследено со грмежи, судијата мораше да го прекине дуелот во 18-тата минута. Повеќе од еден час траеше неверемето, а играчите трпеливо чекаа за да се овозможат услови и мечот да продолжи.
И во продолжение на дуелот, САД ја контролираше играта, создаваше повеќе шанси, а тоа вроди со плод во 52-рата минута, кога Кристијан Пулишиќ зголеми на 2:0.
Goal @USMNT!!! Andre Blake gives a rebound off of Morris’ shot and Christian Pulisic buries it in! 2-0 USA! #GoldCup2019 #ThisIsOurs #JAMvUSA pic.twitter.com/s9ZTamNzY1
— Gold Cup (@GoldCup) July 4, 2019
Надеж за Јамајка донесе Николсен со погодокот во 69-тата минута. Тоа беше и прв погодок кој САД го прими на овој турнир. Сепак, Јамајка немаше сили да стигне до нерешено, а крај на драмата стави Пулишиќ со својот втор погодок во 87-мата минута.
Highlights of the Game presented by Tequila Camarena@USMNT advances to the #GoldCup2019 Final after a 3-1 victory over @jff_football!#JAMvUSA #GoldCup2019 #ThisIsOurs #EstoEsNuestro pic.twitter.com/0W10wRiAst
— Gold Cup (@GoldCup) July 4, 2019