Садио Мане ја менува Саудиска Арабија со Турција?

Екипата на Бешикташ сака да го следи трендот кој го наметнаа Фенербахче и Галатасарај со ангажманот на скапи и квалитетни фудбалери. Садио Мане е многу блиску да ја замени Саудиска Арабија со Турција и кариерата да ја продолжи во „црно-белите“ од Истанбул.

Ал-Наср го проценува својот фудбалер на 15 милиони евра, а Турците немаат ништо против да платат толку, со оглед на тоа дека на Џовани ван Бронкхорст неопходен му е крилен напаѓач.

Садио Мане со екипата на Ал-Наср има договор до летото 2026 година.

- Оглас -

Најнови вести