15.8 C
Skopje
вторник, 9 септември 2025

Садио Мане остана шокиран кога ја виде фотографијата што му ја даде полицаецот во Гвинеја

Садио Мане се врати од репрезентативните обврски со Сенегал каде имаше два успешни меча против Гвинеја Бисау. Ѕвездата на Ливерпул прво погоди од пенал во победата на свој терен со 2:0, а потоа го даде единствениот гол на гостувањето во Гвинеја Бисау за триумф од 1:0.

Токму на гостувањето во Гвинеја, на Мане имаше една неверојатна средба. Голгетерот беше сопрен од еден полицаец, кој извади фотографија, на која беше Мане. Тоа беше фотографија од пред 17 години на која Мане е заедно со полицаецот Соло, со кого заедно тренирале фудбал во Бамбали, Сенегал.

Полицаецот заминал на работа во Гвинеја, а Мане се пресели во Англија, каде сега е супер ѕвезда на Ливерпул. Откако се присетил на стариот пријател Соло, Мане му дал ветување дека ќе му испрати покана за да дојде во Ливерпул и во живо да гледа некој од мечевите на „Енфилд роуд“.

 

- Оглас -

Најнови вести