Сенегалскиот напаѓач Садио Мане размислува да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа. Информациите од Апенините говорат дека тој е во преговори со италијанскиот шампион Интер и лесно би можело да се случи да пристигне на „Џузепе Меаца“ уште во јануари.
На Симоне Инзаги му е потребен нов квалитетен напаѓач за да ја засили конкуренцијата во навалната линија, а Садио Мане сака да се врати во европскиот фудбал после една и пол сезона помината во дресот на Ал-Наср.
Садио Мане, кој има 32 години, кариерата во Европа ја почна во Мец, се прослави во тимот на Салцбург, а потоа се пресели во Премиер лигата, каде настапуваше за Саутемптон и за Ливерпул. Одигра една сезона и за Баерн Минхен, па реши да го прифати предизвикот за преселба во Саудиска Арабија. Сега повторно би сакал да се врати во Европа и да заигра во Серија А.