Ѕвездата на Ливерпул, Садио Мане, в сабота вечер во Париз можеби ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на овој гигант.
Мане неодамна изјави дека после финалето на ЛШ против Реал Мадрид, ќе објави дали останува или си оди од Ливерпул, но според некои информации, одлуката веќе му е донесена, и таа е дека ќе направи трансфер во Баерн Минхен.
Договорот на Мане му истекува следната година, но на Баварците не им е проблем да платат отштета од 40 до 50 милиони евра за Сенегалецот.