Сагата продолжува: Фамилијата на Мбапе ќе дојде во Мадрид да преговара со Флорентино Перез

Сагата околу тоа каде Килијан Мбапе ќе игра во наредната сезона, продолжува. Иако  веќе на големо се пишуваше дека Французинот го одбрал Реал како наредна дестинација, тоа се покажа дека не е точно.

Неговата фамилија која што фактички се и агенти, изминативе денови беа во Доха каде што разговараа со претставниците на Пари Сен Жермен. Но, тие веќе од понеделник ќе бидат во Мадрид, каде што ќе се сретнат лично со Флорентино Перез за што ќе разговараат за целокупниот проект за Реал и Мбапе.

По овие средби ќе биде многу повеќе јасно каде младиот Французин ќе ја продолжи својата кариера и дали ПСЖ ќе остане без ниту едно заработено евро од сето ова, бидејќи договорот на Мбапе му истекува на лето.

- Оглас -

Најнови вести