Сагата околу Килијан Мбапе и неговото доаѓање во Реал Мадрид се чини дека ќе продолжи и наредниот период, и тоа по веќе видено сценарио.
Договорот на Мбапе со ПСЖ истекува на крајот од сезоната и наводно веќе одлучил налето да потпише за Реал Мадрид, но проблеми му прават најблиските, кои не се задоволни од тоа што им го нудат Кралвите.
Според шпанските медиуми, наводно Мбапе не го интересира платата и сака да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ и е подготвен да игра за помала плата од таа што сега ја добива или би ја добивал од ПСЖ доколку повторно ги извиси Кралевите и потпише нов договор со францускиот шампион.
Медиумите објавија дека Мбапе ќе добие 120 милиони евра бонус само за потпис на договорот со Реал Мадрид, а годишната плата ќе му изнесува 50 милиони бруто (25 милиони евра нето) и ќе има загарантирани милионски бонуси.
Но, неговите најблиски не се воодушевени од тоа што му го нуди Реал Мадрид бидејќи понудата на ПСЖ е многу подобра, 100 милиони евра годишна нето-плата, плус бонус за потпис на нов договор и од овие суми е задоволен самиот Мбапе бидејќи ќе игра во најголемиот клуб на светот и ќе биде многу блиску до триумф во Лигата на шампионите, што сега со ПСЖ изгледа невозможна мисија.
https://twitter.com/TransferSector/status/1757118568850665899
Исто така, напаѓачот смета дека како играч на Реал Мадрид многу полесно би можело да ги добие и најголемите индивидуални признанија.
Идентична ситуација се случи и пред две години, кога претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, им поверува на зборовите на Мбапе дека ќе потпише за Кралевите, но потоа се премисли и потпиша нов договор со ПСЖ.
Шпанските медиуми пишуваат дека ова е игра на луѓето кои се грижат за кариерата на Мбапе (мајка му е еден од агентите) за да добијат подобар договор од Реал Мадрид.