Сагосен го мина Лазаров, Норвешка на убедлив начин ја освои бронзата на ЕП 2020

Сандер Сагосен е најдобар стрелец во историјата на Европските првенства, откако денеска постигна четири гола во малото финале против Словенија и го мина нашито Кирил Лазаров на врвот на вечната листа.

Норвешка на убедлив начин го освоија бронзениот медал со победа од 28:20 против Словенците, а причина за двојна радост имаа и поради подвигот на Сагосен.

Бекот на Норвешка сега со 65 гола е најдобар стрелец на едно ЕП, а пред него нашиот Кирил Лазаров беше крал на стрелците со 61 постигнат гол на ЕП 2012 година.

Утре од 16.30 во финалето за златниот медал ќе играат актуелниот првак Шпанија и Хрватска.

 

- Оглас -

Најнови вести