Саграмола го обвини Зампарини за лошо менаџирање: Палермо беше во врвот на италијанскиот фудбал, сега нема ништо

Риналдо Саграмола најави дека ќе најде нови сопственици кои се заинтересирани да го воскреснат Палермо, а го обвини Маурицио Зампарини за слабо менаџирање на клубот.

„До 2012 година, додека бев во клубот Палермо беше на осмото место според вредноста. Имавме светски фудбалски бисери во тимот, но и чесен однос. Зампарини слушаше погрешни луѓе и за кус период Палермо стаса во позиција да стравува за својата судбина“, вели Саграмола.

Палермо имаше класа фудбалери од калибарот на Кавани, Пасторе, Дибала, Тони, Џилардино…, но сега дојде во ситуација да му се заканува административна забрана поради финансиски проблеми и преселба во понизок ранг, ако не се најде спонзор во најкус можен рок.

Зампарини објавуваше на двапати дека го продал клубот најпрво на инвеститори од Њујорк, потоа и на англиска фирма, но од тоа не стана ништо. Капитен на Палермо е Илија Несторовски, а со него во нападот игра и Александар Трајковски.

- Оглас -

Најнови вести