Саинс нема да вози денеска и утре, негова замена во болидот на Ферари е 18-годишен Британец

Британецот Оливер Бермен неочекувано доби шанса викендов да дебитира во Формула 1 и тоа во црвениот болид на Ферари со бројот 38.

Карлос Саинс има здравствен проблем, мора да оди на операција на слепото црево и не може да се појави на квалификациите и трката во Саудиска Арабија, па од Ферари како негова замена го одбраа 18-годишникот кој е најмлад пилот во историјата на славниот италијански тим. Бермен води во Формула 2 и дел е од академијата на Ферари.

Квалификациите се вечерва од 18 часот, а трката е утре, истотака од 18.

- Оглас -

Најнови вести